glava
објавено 01.11.06
-
 
-насловна
-
 
-тема на месецот
-коментари
-полемики
-афери
-
 
-балкан
-европа
-свет
-
 
-ризница
-дијаспора
-
 
-водич
-линкови
-бизнис&маркетинг
-
 
-за Веритас
-контакт
-архива
-
 
 
 
- Скопjе, Р.Македонија , број 02-2006
sl1
излегува пeриодично
b1
b2
b3
b4
b5
b6
 
 
 
sl1
слтб2
 
 
бан Здружението на банкари при Стопанската комора на Македонија ќe покрене постапка пред Уставниот суд зa укинување на одредбата од Законот за данок на добивка за оданочување на резервациите. Oваа oдлука e резултат на решението нa министерот за финансии
Никола Поповски во Законот за данок на добивка дa вгради решение со кое банките се оданочуваат двојно.Во новиот Закон за данок на добивка кој го изготви Министерството за финансии, а Собранието го изгласа пред крајот на Нова година, се предвидува на 25% од сите резервации што банките ги издвојуваат како обезбедување за сите кредитни пласмани да се плаќа данок на добивка од 15%. Банкарите објаснуваат дека резервациите кои ги издвојуваат како покритие во случај кредитот да не се наплати се трошок, а не приход во нивното работење. Bидeјќи, tие пари не се во функција и ne трeba na нив да se плаќа данок, . Ако кредитот се наплати, резервацијата се ослободува и тие пари влегуваат во вкупните приходи на банките, на кои редовно se плаќа данок на добивка, објаснуваат банкарите. Банките се обврзани да издвојуваат резервации за сите кредити кои ги одобруваат. Висината на резервациите зависи од ризичноста на кредитот. Најниска резервација од 2% од износот на кредитот се издвојува за кредитите кои се класифицирани во групата “А”, како најмалку ризични.
 
бан2 Народната банка на Република Македонија организира работилница на тема “Високото ниво на готовите пари”. Меѓудругото на работилницата беше посочено дека во Македонија има висок оптек на готови пари кој на
годишно ниво достигнува до 14 милијарди денари и е за 10,8 проценти повисок од просекот од земјите во Југоисточна Европа, а причина е сивата економија и менталитетот на населението.“Чувањето пари чини пари и носи ризик”, рече гувернерот на НБРМ Петар Гошев кој праша дали релевантните институции можат да смогнат сили за намалување на сивата економија која е причина за големиот оптек на готови пари преку координирани активности. “Над 12 милијарди денари годишно во Македонија разнесуваат поштарите за пензии, милијарди се исплаќаат за исплата на тутунот, вино и слично”, истакна Гошев. Готовите пари во оптек во Македонија, според анализата направена од Дирекцијата за истражување во НБРМ од 2002 година се на ниво од 14 милијарди денари, а причина за таквото ниво е покрај сивата економија и откупот на земјоделските производи и менувачкиот пазар. Меѓу факторите за зголемување на нивото на готови пари во оптек од 10 милијарди во 2002 година на 14 милијарди се и трансформацијата на Заводот за платен промет, воведувањето на еврото, како и воениот данок. Според министерот за финансии Никола Поповски, во Македонија се создадени услови за безготовинско плаќање, а меѓу мерките за намалување на готовите пари во оптек тој најави нов закон за платен промет што треба да се донесе во 2007 година и со кој се предвидува намалување на максималниот износ за плаќање во готово, кој сега е утврден на 15 илјади евра. Поповски порача дека и банкарите треба да размислат за воведување на поголеми провизии при подигнување на готовина од сметките, но потенцира дека со оглед на фактот за злоупотреба на картичките треба да се работи на мерки за превенција од злоупотреби. Тој посочи дека за намалување на готовите пари во оптек имало влијание обврската платите на администрацијата да се исплаќаат само преку банкарски сметки. Во Македонија во моментов се користат 198 илјади платежни картички, со кои може да се подигаат средства од 157 банкомати колку што имало на крајот на 2005 година и да се користат во 4.715 продажни места
 
бан3 Откако и минатата година ја заврши со одличен нето-профит од близу 6 милиони евра и пораст на сите полиња, Тутунска банка ќе ја краси и новиот бренд на НЛБ-групацијата.
Оваа банка го доби новото име - НЛБ Тутунска банка, објави менаџментот.“Новиот бренд ќе овозможи полесна препознатливост на Тутунска како членка на НЛБ, која веќе е значаен регионален играч”, изјави вчера Ѓорѓи Јанчевски, прв генерален директор. За Тутунска тоа ќе значи зајакнат имиџ, зголемена конкурентност, нови стандарди и подобар квалитет, но и рационализација на трошоците. Минатата 2005 година Тутунска ја финализирала со нето-добивка од 5,9 милиони евра. Акционерите ќе добијат дивиденда од 7,9 евра по акција. Билансната сума тежи 365 милиони евра и лани имала пораст од 36 отсто. Депозитите пораснале за 27 отсто, а пласманите се зголемени за 37 проценти. Според Јанчевски, банката се наметна како предводник на целиот банкарски сектор, креирајќи 30 отсто од вкупниот негов раст. Сето ова i дава шанси на Тутунска да размислува за ново намалување на каматните стапки, што би се случило во јуни оваа година. Засилената конкуренција е една од главните причини што ги тера банките да ги снижуваат своите камати и провизии. “Од минатата година, конечно, се врати во игра Стопанска банка, која во моментов е лидер во делот на потрошувачките кредити. Набргу се очекува и прилив на свежи средства во земјава. Ако на нашиот пазар влезе уште еден добар играч, процесот на намалување уште повеќе ќе се забрза и ќе имаме камати како во Хрватска и во Словенија”, смета Јанчевски. Токму силниот бренд е една од причините што НЛБ и Тутунска засега немаат планови за купување некоја од помалите или од средните банки во земјава. “Да се купува друга банка и да се поврзат две банки никаде не е лесен процес. Не сме размислувале да влегуваме во друга банка. За тоа се потребни многу сериозни анализи”, објаснува Митре Колишевски, втор генерален директор. Една од картите на која би можел да игра менаџментот е да добие 50 милиони евра од својата групација, кои потоа би се пуштиле на пазарот со ниски камати. Наместо седум члена, Управниот одбор ќе има пет, заради рационализација на трошоците, а наскоро ќе се избере нов претседател. Од плановите за иднина, од јули банката ќе ја издава и картичката “виза”.
 
© ВЕРИТАС 2006