КОГА
Веб сајтот Веритас, www.veritas.com.mk во сајбер просторот на Македонија сe pojavi na 13 април 2001 на ден Велики Петок, ден кога според толкувањата на Библијата е распната Vистината, од каде што доаѓа и неговото име. Изминатавe годинi во своите електронски изданија тој ја отсликуваше актуелната состојба во и со Македонија.
|
|
КОЈ
За овој сајт пишувааt новинари од речиси сите медиумски куќи, независно која политичка опција застапуваат, и која уредувачка политика на матичната куќа реализираат. Пишувааt по свое видување, за настан кој самите го одбирааt, анализирааt и оценувааt, давајќи некои свои толкувања за она што изминатавe кризни години се случуваше.
|

Зоран Јованчев, дизајнер на сајтот |
ЗОШТО
Целта на Веритас е да помогне во градењето на едно отворено општество и секогаш да ја соопштува вистината за Македонија, како за нејзината сегашност и иднина, така и за нејзиното минато. Почитувајќи го својот слоган- коментарите се слободни но фактите се свети- се обидува да провоцира концепт за градење на компромис во средина каква што е Македонија. |
Ирена Јовановиќ, систем инжинер |
ШTO
Ставот на Веритас е дека вистината за настаните во Македонија, некогаш и сега, ќе се дознае доколку не се спречува независната и слободна мисла, како и мноштвото јавни и тајни архивски и актуелни податоци да бидат соопштувани на различни спротивставени групи, кои живеат во Македонија но и надвор од неа. Веритас се залага на едно место да се најдат размислувањата на тие ,,групи,, Се залага една информација да биде презентирана низ различни убедувања.
|
KAKO
Објективната информација треба да пристигне до секого кому му е потребна, но и до оној кој пласира дезинформација. Со оглед на ограничениот број на луѓето кои користат Интернет, Веритас се обраќа на : интелектуалците кои се воздржуваат од јавни коментари, новинарите кои не се согласуваат со ставовите на медиумите во кои работат, политичките субјекти, државните институции и авторитети од кои потекнуваат информациите, обичните корисници на Интернет, како и на општата јавност која всушност е главната критична сила. |
СТРАТЕГИЈА
Овој проект беше прв од ваков вид во Република Македонија, бидејќи се појавi како дело на независен новинар. Но, стратегијата му е да прерасне во класичен електронски весник. Бидејќи лајт мотивот на Веритас е борба против медиокритетските рамки и негување исклучиво на независна и слободна мисла, Веритас не се сомнева дека секогаш ќе биде прифатен од посетителите кои имаат исти цели и поддржан од луѓе кои се залагаат за отворено општество. |